Фокусирање со користење функции за препознавање субјект
Ако го поставите објектот однапред, фотоапаратот автоматски го препознава објектот и може да фокусира на очите и др., при снимање фотографии.
Во оваа табела се опишани два метода за фокусирање и снимање со користење на функцијата за препознавање објект. Изберете го методот соодветен на вашата цел.
| Ставка | Функција [ Subject Recog in AF] (Препознавање објект во AF) |
[Subject Recognition AF] (Препознавање објект со AF) преку приспособливо копче |
|---|---|---|
| Напредна подготовка |
|
|
| Како се фокусира | Притиснете го копчето за активирање на блендата до половина.*1 | Притиснете на копчето на коешто сте му ја доделиле функцијата [Subject Recognition AF] (Препознавање објект со AF).*2 |
| Детали за функцијата |
|
|
| Режим на фокусирање | Следува по поставката означена со [ Focus Mode] (Режим на фокусирање) |
Следува по поставката означена со [ Focus Mode] (Режим на фокусирање) |
| Фокусна површина | Следува по поставката означена со [ Focus Area] (Фокусна површина) |
Фокусната површина привремено се отвора на целиот екран, независно од поставката за [ Focus Area] (Фокусна површина). |
*1 Оваа операција е за фокусирање при снимање фотографии. При снимање филмови, фотоапаратот ќе се фокусира на препознаениот објект, дури и ако не го притиснете копчето за блендата.
*2 Без оглед дали [
Subject Recog in AF] (Препознавање објект во AF) е поставена на [On] (Вклулчено) или [Off] (Исклучено), ако сте ја доделиле функцијата [Subject Recognition AF] (Препознавање објект со AF) на приспособливо копче, можете да ја користите функцијата [Subject Recognition AF] (Препознавање објект со AF) додека го притискате тоа приспособливо копче.
За фокусирање на очи кај животно или птица
Пред снимањето, поставете ја функцијата [
Recognition Target] (Цел на препознавање) на [Animal] (животно), [Bird] (птица) или [Animal/Bird] (животно/птица) според објектот. Ако изберете [Eye/Head/Body] (око/глава/тело), [Eye/Head] (око/глава) или [Eye] (око) како сакан дел за препознавање со приоритет во режимот за снимање фотографии.
Фокусирање на инсекти
Пред снимањето, поставете ја функцијата [
Recognition Target] (Цел на препознавање) на [Insect] (инсект).
Фокусирање на автомобили, возови или авиони
Пред снимањето, поставете ја функцијата [
Recognition Target] (Цел на препознавање) на [Car/Train] (автомобил/воз) или [Airplane] (авион).
За да го оставите фотоапаратот сам да ја избира целта на препознавање при снимање
Пред да снимате, поставете ја опцијата [
Recognition Target] (Цел за препознавање) на [Auto] (Автоматски).
Совет
- Поставувањето на функцијата [
Sbj Recog Frm Disp.] (Приказ на рамка за препознавање објект) на [On] (Вклучено) ја олеснува проверката на статусот на откривање лице или очи итн. - Функцијата [Subject Recognition AF] (Препознавање објект со AF) преку приспособливо копче е практична во следниве случаи.
- Кога сакате привремено да ја користите функцијата [Subject Recognition AF] (Препознавање објект со AF) на целиот екран само додека го држите притиснато копчето, без разлика на поставката [
Focus Area] (Фокусна површина) - Кога не сакате да се врши автоматското фокусирање ако фотоапаратот не препознае објект.
- Кога сакате привремено да ја користите функцијата [Subject Recognition AF] (Препознавање објект со AF) на целиот екран само додека го држите притиснато копчето, без разлика на поставката [
- Поставувањето на целиот објект во аголот на гледање го прави објектот полесен за препознавање.
Забелешка
- Може да биде тешко да се фокусира на објектот во следниве ситуации:
- Во услови со слабо осветлување или задно осветлување.
- Кога субјектот е во сенка.
- Кога субјектот не е во фокус.
- Кога субјектот премногу се движи итн.
- Може да биде тешко да се фокусира на очите во следниве ситуации, дури и кога фотоапаратот ги препознава очите:
- Кога очите се затворени.
- Кога очите се покриени со коса или слично.
- Кога личноста носи очила за сонце.
- Исто така, постојат и ситуации кога можеби и не е можно да фокусира на објекти.
- Кога фотоапаратот не може да се фокусира на делот кој сакате да биде приоритет, на пример очите на објектот, фотоапаратот може автоматски да се фокусира на друг препознаен дел како главата или телото на објектот.
- Дури и кога околу лицето на објектот се прикажува бела рамка за препознавање, фотоапаратот може автоматски да се фокусира на делот кој сакате да биде приоритет, како очите на објектот.
- Објектот можеби нема да биде препознаен кога само дел од објектот е во аголот на гледање.
- Кога се видливи само рацете и нозете на личност или животно
- Кога дел од објектот е скриен и не може да се види итн.
- Фотоапаратот може случајно да препознае други објекти како зададен објект во одредени услови.
- Кога функцијата [
Recognition Target] (Цел на препознавање) е поставена на [Auto] (Автоматски), фотоапаратот автоматски ја одредува целта за препознавање, па во зависност од ситуацијата, препознаениот објект може да се разликува од посакуваниот. Со поставување на функцијата [
Recognition Target] (Цел на препознавање) на саканиот објект, можеби ќе можете да го решите проблемот со непредвидено препознавање објекти.
Custom Key/Dial Set.]
Custom Key/Dial Set.]